Утрински Весник
Економија

Хјуавеи го продава брендот „Хонор“

Хјуавеи го продава брендот „Хонор“

Кинеската компанија Хјуавеи го продава брендот на паметни телефони „Хонор“ за да се обиде да го спаси бизнисот погоден од американските санкции. Се продава и целата малопродажба на „Хонор“, но не се познати повеќе детали за тоа.

Хјуавеи претрпе големи загуби поради санкциите што ги блокираат компаниите да пристапуваат до американските компоненти на паметните уреди. САД наведуваат дека компанијата претставува закана за националната безбедност, бидејќи наводно, постои можност за шпионирање за кинеската влада, но Хјуавеи го демантираше тоа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари – а власта не носи мерки

Надвор од асфалтот: Инвестиции во инфраструктура, зелена економија, дигитализација и јавни услуги

Ново зголемување на цените на горивата, дизелот над 100 денари за литар