Утрински Весник
Свет

Нигерија: 2,5 милиони деца се соочуваат со неисхранетост

Нигерија: 2,5 милиони деца се соочуваат со неисхранетост

Повеќе од 2,5 милиони деца во Нигерија се соочуваат со ризик од неисхранетост, пренесува „Анадолија“. Клем Агба, државен министер за буџет и национално планирање на Нигерија, учествуваше на отворањето на „Неделата на исхрана на Нигерија 2020“ организирана во нигерискиот главен град Абуџа.

Тој во свое обраќање нагласи дека покрај напорите на владата во последните години особено во делот на исхраната и доењето на децата, неисхранетоста продолжува да биде проблем во земјата. Според Aгба, повеќе од 2,5 милиони деца помали од 5 години во земјата се соочуваат со неисхранетост.

„Оваа бројка ја прави Нигерија втора земја во светот со најмногу деца кои се соочуваат со неисхранетост“, додаде тој.

Агба истакна дека проблемите со храна, исхрана, економија и развој се меѓу грижите на владата на оваа земја. Тој рече дека владата се соочува со тешкотии во формирање платформа која ќе ги насочи партнерите да најдат решение за оваа состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење