Утрински Весник
Свет

Ураганот Јота ја пустоши Централна Америка, ветрот носи сè пред себе

Ураганот Јота ја пустоши Централна Америка, ветрот носи сè пред себе

Ураганот Јота го опустоши крајбрежјето на Централна Америка, носи покриви од куќи, урива електрични далеководи и корне палми.

Јота е вториот ураган што остави пустош во земјите од Централна Америка овој месец и во моментов достигна до североисточните делови на Никарагва, проследен со налети на ветрови кои достигнуваат брзина до 250 километри на час, објави „Ројтерс“.

Прогнозата на Националниот центар за следење на урагани најавува дека ураганот Јота ќе ослабне додека се движи на запад, кон соседен Хондурас.

„Смртно сме загрозени и тука немаме што да јадеме“, му се пожалила на новинарот на Ројтерс една жена што останала во засолниште.

Ветерот го однесе покривот на локалната болница во Порто Кабезас, па пациентите беа евакуирани, вклучително и две мајки.

Околу 40.000 луѓе во Никарагва и околу 80.000 луѓе во Хондурас се кријат во засолништа, потврдија властите на тие земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата