Утрински Весник
Свет

Џонсон лут поради пошироките овластувања што ѝ се дадени на Шкотска

Џонсон лут поради пошироките овластувања што ѝ се дадени на Шкотска

За време на телефонскиот разговор со колегите од Конзервативната партија, британскиот премиер Борис Џонсон одобрувањето на пошироките овластувања за самоуправување на шкотскиот парламент го нарече катастрофа, пишуваат британските медиуми.

Според весникот „Сан“, Џонсон го оценил пренесувањето на власта во Шкотска како најголема грешка на поранешниот британски премиер Тони Блер.

Првиот министер на Шкотска, Никола Старџен одговори на коментарите на Џонсон во пораката објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

„Вреди да се земат предвид овие коментари на премиерот за следниот пат кога ториевците велат дека тие не претставуваат закана за овластувањата на шкотскиот парламент или, уште поневеројатно, поддржуваат дополнителен премин на власта“, рече Старџен.

Според неа, единствениот начин да се заштити и зајакне шкотскиот парламент е независноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот