Утрински Весник
Магазин

Сталоне ќе глуми во „Одред самоубијци“

Сталоне ќе глуми во „Одред самоубијци“

Силвестер Сталоне се приклучи на актерската екипа на „Одред самоубијци“.

74-годишната акциона легенда наскоро треба да се спои со режисерот Џејмс Ган, со кого соработуваше во „Чувари на галаксијата 2“ (2017), откако се придружи на „Ди-си“светот во претстојниот анти-херојски проект.

Деталите за неговата улога допрва треба да бидат откриени, но Силвестер се придружува на sвездена екипа која може да се пофали со Маргот Роби, Идрис Елба, Виола Дејвис и Џон Сина.

Режисерот ги потврди новостите за кастингот на Инстаграм, каде што напиша : „Секогаш сакам да работам со мојот пријател @officialslystallone и нашата работа денес на # Suicide Squad не беше исклучок.“

„И покрај тоа што Слaj е култна филмска sвезда, повеќето луѓе сè уште немаат поим каков неверојатен актер е овој човек,“ напиша Ган.

Легендата на „Роки“ исто така коментираше на својата страница: “Работата со овој неверојатен режисер на овој проект ја направи оваа година неверојатна . Многу сум среќен што сум опкружен со таков талент!”

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста