Утрински Весник
Свет

Израел бара извинување од водителката на „Си-ен-ен“ за споредбата на Трамп со нацистите

Израел бара извинување од водителката на „Си-ен-ен“ за споредбата на Трамп со нацистите

Израелските власти го критикуваа Си-ен-ен затоа што познатата водителка Кристијанa Аманпур неодамна споредила одредени потези на Доналд Трамп со Кристалната ноќ.

Министерот за дијаспора, Омер Јанкелевич, испратил писмо до претседателот на Си-ен-ен, Џефри Закер, во кое бара од Аманпур веднаш јавно да се извини за неприфатливата споредба.

Јанкелевич изјавил дека тоа лажно изедначување помеѓу постапките на сегашниот претседател и злосторствата за време на погромот извршен од нацистите пред 82 години е намалување на огромната трагедија на холокаустот.

Израелскиот министер напиша дека Кристалната ноќ се смета за почеток на холокаустот и ја обвини Аманпур за минимизирање на единственото значење на тој настан споредувајќи го со администрацијата на Трамп, а со тоа само поттикнувајќи антисемитизам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран ќе го прифати договорот со САД ако бидат укинати санкциите

ТикТок го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажа прелиминарна истрага на ЕК

Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико