Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез го донесе гламурот на наградите „Пиплс чоис“

Џенифер Лопез го донесе гламурот на наградите „Пиплс чоис“

Фановите виртуелно се собраа за да се уверат дека нивните омилени sвезди од филмот, телевизијата и / или музиката ќе добијат признание во текот на 46. годишно издание награди „Е! Пиплс чоис“ во неделата навечер.

И многу од номинираните, наградените и водителите, вклучително и Џенифер Лопез, Деми Ловато и Менди Мур, заблескаа на црвениот тепих пред да влезат во Баркер Хангар во Санта Моника, Калифорнија.

Уникатната силуета на 51-годишната мегаsвезда Џенифер, која ја доби една од најбараните награди People’s Icon, на себе има фустан во боја на вино и со необична кројка што создава илузија на пелерина.

Менди Мур, која моментално очекува дете со сопругот Тејлор Голдсмит, го откри своето бебешко стомаче на првото јавно појавување откако ја објави веста за бременост.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден