Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Не е вистина дека сум хоспитализиран на приватна клиника

Спасовски: Не е вистина дека сум хоспитализиран на приватна клиника

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека од  понеделникот се наоѓа во својот дом во Куманово, откако претходно беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје поради висока температура.

Тој ги отфрла како невистинити информациите дека во моментот е хоспитализиран на приватна клиника.

„Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски“, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во…

Posted by Oliver Spasovski on Saturday, November 14, 2020



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски