Утрински Весник
Македонија

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани уште 41 пациент, а пријавени се 35 оздравени

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им ги покачи платите на младите специјализанти за 100 проценти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и седум пациенти се примени во ковид центарот на Клниката за Неврологија. На Клиниката за Инфективни болести во изминатите 24 часа имало 21 прием, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.

Од центрите се пријавени 35 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти сомнителни и позитивни на КОВИД 19. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент, од кои се 12 деца и 28 возрасни.

Вкупно 393 пациенти потврдени и сомнителни за КОБИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“, информираат од Министерството за здравство.

Се очекува да започнат со работа и новите коивид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм