Утрински Весник
Спорт

Златан се пофали со „балканските корени“

Златан се пофали со „балканските корени“

Златан Ибрахимовиќ никогаш не се срамел кој и што е, така што не изнедува објавата на Инстаграм на која се потсетува на своите „балкански корени“ со фотографија со неговиот дедо.

Ибрахимовиќ е роден во 1981 година во Малме, Шведска, но има потекло од поранешна Југославија – неговиот татко Шефик е роден во Бјелјина, Босна и Херцеговина, додека неговата мајка Јурка е родена во Пркос, Хрватска. Неговите родители се сретнале во Шведска, и тој е растен како христијан-католик.

И покрај обидите на Босна и Херцеговина и на Хрватска да го убедат да игра за нивните репрезентации, тој се реши да игра за Шведска, за која одигра 116 натпревари и е рекордер со 62 постигнати голови.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)

> Златан се пофали со „балканските корени“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ