Утрински Весник
Спорт

Салах играше на свадбата на својот брат, па доби позитивен тест на КОВИД-19

Салах играше на свадбата на својот брат, па доби позитивен тест на КОВИД-19

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах има позитивен тест на КОВИД-19, неколку дена откако на Интернет се појавија снимки на кои тој се наоѓа на веселба – свадба на неговиот брат во родниот Египет.

Ова го потврди Египетската фудбалска федерација на Твитер преку кратка порака во која додаваат дека тој не страда од ниту еден симптом. Следниот меч на Ливерпул е дуелот против Лестер на 21 ноември и би требало дотогаш тој да биде подготвен за игра.

28-годишниот Салах имаше позитивен тест само неколку дена откако присуствуваше на свадбата на неговиот брат Наср во Каиро, заедно со фудбалерот на Астон вила, Махмуд Трезеге.

> Салах играше на свадбата на својот брат, па доби позитивен тест на КОВИД-19 <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана