Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со магла и ниска облачност по котлините. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари