Утрински Весник
Македонија

Вработен на билетарницата во Самоилова тврдина крадел пари од прометот

Вработен на билетарницата во Самоилова тврдина крадел пари од прометот

Вработен на билетарницата  во локалитетот Самоилова тврдина во Охрид крадел пари од прометот направен од продажба на билети.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.

„Во период од 7.2.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице – продавач на билети во локалитетот Самоилова тврдина пријавениот дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба на штета на НУ Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога