Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Коронавирусот е само изговор, обид за прерасподелба на светот

Лукашенко: Коронавирусот е само изговор, обид за прерасподелба на светот

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека коронавирусот е димна завеса зад која глобалните играчи се обидуваат да го прерасподелат светот.

„Коронавирусот е само изговор, завеса зад која глобалните актери се обидуваат да го прерасподелат светот според свое видување“, рече Лукашенко во интервју за претставници на медиумите од Белорусија и околните земји, пренесува БелТА, наведува ТАСС.

Тој додаде дека е јасно дека тие имаат и планови за постсоветскиот простор, вклучително и Белорусија, што, како што оцени, е парадоксалнo.

„Сепак, сметаме дека ова е силен аргумент дека Белорусија успеа како држава, која има политичка тежина и сериозен економски потенцијал“, рече Лукашенко.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нападнат е клучниот остров Харг, главен центар за извоз на нафта во Иран

Делегација на тајванската опозиција во посета на Кина

Во судар на брз воз-TGV и камион во северна Франција загина машиновозачот, 27 патници повредени