Утрински Весник
Свет

Австрија се подготвува за тотално заклучување

Австрија се подготвува за тотално заклучување
Dik 300x250 mk

Во Австрија се воведуваат построги мерки на заклучување, кои подразбираат затворање на малопродажбата и дополнителни ограничувања на социјалните контакти, објавија австриските медиуми, известувајќи дека во претходните 24 часа во земјата бил поставен нов рекорд од 9.586 новозаразени со коронавирус.

„Премиерот и вицепремиер Себастијан Курц и Вернер Коглер, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер и министерот за здравство Рудолф Аншобер ќе им се обратат на граѓаните во сабота за да ги информираат за новите мерки“, објави весникот Oberoesterreichische Nachrichten во Линц.

Како што наведува овој весник, комисијата за следење на мерките и развојот на пандемијата препорачала премин кон т.н. „тврдо заклучување“, што подразбира затворање на малопродажни објекти кои не се клучни за основното снабдување на граѓаните, како и услужните објекти.

Досегашните мерки, кои вклучуваа затворање на рестораните и забрана за манифестации, не ги дадоа очекуваните резултати. Забраната во услужните дејности најверојатно ќе важи за козметички салони, салони за масажа и слично, но сè уште не е познато дали ќе важи и за фризерски салони. Забраната за трговија првенствено ќе важи за големите трговски центри.

Во моментов во Австрија е на сила полициски час, кој важи од 20 до 6 часот наутро.

 

 

 

 

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим