Утрински Весник
Македонија

При претрес во прилепско село пронајдени пет пушки и украден автомобил

Одбележување на Денот на македонската полиција

 

Прилепската полиција извршила три претреси во селото Големо Радобил при што се пронајдени и одземени пет пушки и автомобил за кој претходно било пријавено дека е украден.

Од МВР информираат дека во домот на М.М. (52) бил пронајден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени биле два ловни карабина и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени биле една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин, како и возило „волво“, кое претходно било пријавено за украдено.

Против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето” е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка

Реконструкцијата на Владата пред пратениците