Утрински Весник
Македонија

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите проблеми со антивладините протести

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите проблеми со антивладините протести

Европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК, но сега постои уште една пречка – Бугарија, наведува Еуроњуз во анализа насловена„Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“.

Според Еуроњуз, причината за блокирањето е поради внатрешно-политичките проблеми во владата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

„Софија, која моментално зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од сегашната рамка за преговори. Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија“, наведува Еуроњуз.

Весникот нагласува дека за Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје.

„Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини. Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата“, пишува Еуроњуз.

Еуроњуз додава дека Бугарија сака Северна Македонија да признае дека јазикот што го зборува македонското мнозинство е бугарски дијалект, а бараат и Скопје го признае бугарското потекло на македонската нација и да се откаже од какви било тврдења дека во Бугарија има посебно македонско малцинство.

Според Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), етничките Македонци сочинуваат 10 проценти од населението во Бугарија, наведува Еуроњуз. ИФИМЕС, во неодамнешната анализа тврди дека „бугарскиот и македонскиот јазик се два различни јазика за кои во меѓусебната комуникација е потребен превод, за разлика од на пример, во случајот на српскиот и хрватскиот јазик за кои во јазичната комуникација не се бара толкување.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј