Утрински Весник
Свет

Судот во Пенсилванија одлучи во корист на Трамп

Судот во Пенсилванија одлучи во корист на Трамп

Апелациониот суд во Пенсилванија го прифати барањето на кампањата на Доналд Трамп и наложи дел од гласачките ливчиња добиени по пошта да бидат иззмени од пребројувањето, но таа одлука нема да влијае на резултатот од изборите во таа американска држава.

Демократскиот кандидат Џо Бајден до четвртокот вечерта имаше предност од 53.580 гласови во однос на Доналд Трамп и досега не се знае точно на колку гласачки ливчиња ќе се однесува одлуката на судијката Мери Хана Луит.

Најверојатно станува збор за околу 2.000 гласачки ливчиња, тврди весник во Филаделфија.

Штабот на Трамп ова го нарече „победа“. Associated Press во саботата го прогласи Бајден за победник, откако беше заклучено дека и преостанатите неизбоени гласови во Пенсилванија нема да направат разлика во водството на Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич