Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп се појави за првпат по изборите – им оддаде почит на паднатите борци

(Видео) Трамп се појави за првпат по изборите – им оддаде почит на паднатите борци

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска се појави во јавноста за првпат по изборите во земјата.

Како што беше најавено, тој присуствуваше на церемонијата по повод Денот на ветераните, придружуван од неговата сопруга Меланија и потпретседателот Мајк Пенс.

Трамп им оддаде почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон.

Беше интонирана американската химна, а за време на церемонијата, на војниците им беше оддадена почит со полесна стрелба.

Според официјалното пребројување, Трамп ги загуби претседателските избори на 3 ноември, но тој и неговиот тим не сакаат да ја признаат победата на демократот eо Бајден.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, денеска изјави дека гласовите во оваа сојузна држава ќе бидат преброени откако вчера тоа го побарале адвокатите на Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот