Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Скандал во Србија, масовно се споделува слика од полугола жена во привремената болница во Арена

Скандал во Србија, масовно се споделува слика од полугола жена во привремената болница во Арена
300x250 opst2

Српските медиуми денеска известуваат за скандал откако на социјалните мрежи започна да се шири фотографија од полугола пациентка во долна облека, сместена во привремената ковид-болница во белградска Арена.

Жената била фотографирана во моментот на преслекување.

Отпрвин не беше јасно како и кога е направена фотографијата, но наскоро се јави заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ. Во изјавата, тој потврди дека фотографијата е направена во Арена и побара итна истрага.

Надлежните органи се информирани за целиот настан и во тек е истрага за тоа како фотографијата завршила во јавноста.

„Денес, го замолив директорот на белградската Арена, Горан Грбовиќ, итно да истражи како е објавена сликата од жена во привремената болница во арената. Директорот веќе се обратил до армијата, која управува со болницата и до Министерството за внатрешни работи“, истакна Весиќ.

„Бесен сум. Градот Белград, како и српската Армија не се виновни за овој скандал, но ние сме должни да им се извиниме на овие жени и нивните семејства и да им ветиме дека оние кои се виновни за овој скандал ќе одговараат“, рече Весиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари