Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Повторно се разгоре европското жариште – во Италија досега се заразиле над милион луѓе

Повторно се разгоре европското жариште – во Италија досега се заразиле над милион луѓе
Img 7972

Во Италија бројот на заразени од почетокот на пандемијата на коронавирус надмина еден милион.

Според последните податоци, во таа земја досега се заразиле 1.028.424 лица.

Како резултат на инфекцијата починале 42.953 луѓе, се наведува на страницата за статистика „Ворлдометерс“.

Според најновите статистики, во Италија за 24 часа забележани се 35 илјади новозаболени од Ковид-19, а починале рекордни 580 луѓе.

Во земјата во моментов има 613.358 активни случаи на инфекција, а 3.081 се критични.

Италија беше главното жариште на коронавирус во март, не само во Европа туку и во светот.

Здравствениот систем во таа земја не издржа по избивањето на вирусот, најпрво во Милано, а потоа и во други делови, но подоцна ситуацијата се стабилизираше. Сега, по летниот период, бројот за заболени повторно вртоглаво се зголемува, како и во повеќето европски земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите