Утрински Весник
Македонија

Продолжува да се тресе тлото, жителите на Маврово денот го поминуваат надвор

Продолжува да се тресе тлото, жителите на Маврово денот го поминуваат надвор

По земјотресот од 5 степени кој утрово ја разбуди Македонија, следеа неколку афтершокови кои беа почувствувани од населението во Маврово, Гостивар и околината.

„Се разбудивме и повеќето излегоа надвор. Се тресе цело време, па денот воглавно го поминуваме во дворовите. Луѓето кои се дојдени од други градови, утрово се вратија назад“, раскажува за „Макфакс“ жител на Маврово.

Тој вели дека се чуло врескање за време на силниот потрес, но за среќа, не се направени штети.

Во ова подрачје беа регистрирани уште два земјотреси со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер во временски период од еден и пол час, покажувваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес е со јачина 3.8 степени, а бил регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар.

Вториот околу 13 часот и 25 минути, 3.6 степени според Рихтер е регистриран на 16 километри југозападно од градот.

Утрово бил регистриран и земјотрес од 3 степени, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар

Епицентарот на земјотресот од 5 степени е регистриран со епицентар во Леуново, во мавровскиот регион, на 15 километри од Гостивар.

Досега не се регистрирани штети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе

Кузмановска: Пациентите прифаќаат бубрег и црн дроб но одбиваат трансплантација на срце