Утрински Весник
Магазин

Бијонсе ги покажа тонираните стомачни мускули во елегантна спортска облека

Бијонсе ги покажа тонираните стомачни мускули во елегантна спортска облека

Музичката дива со фотосесија ги презентира најновите модели од колекцијата „Ајви Парк х Адидас“.

Новата колекција од соработката на Ајви Парк, брендот на Бијонсе, и гигантот Адидас, поттикна огромна љубопитност кај фановите.

Таа започна да споделува некои од нејзините пастелни комплети заедно со нејзините селебрити-пријатели кон крајот на минатиот месец.

А во вторникот, Бијонсе покажа поинаква страна на нејзината соработка со спортскиот бренд Адидас, позирајќи во елегантен сет од претежно црни парчиња.

Урбана и комфорна – поп дивата (39) ги истакна своите облини во микс од спортски и лежерни парчиња во повеќе објави на нејзиниот профил на Инстаграм.

Странските клиенти ќе добијат пристап до облеките на 18 ноември, а фановите ќе можат да ја најдат облеката во продавниците низ целиот свет почнувајќи од следниот ден.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот