Утрински Весник
Свет

(Видео) Српскиот амбасадор во Црна Гора спречен да положи венец

(Видео) Српскиот амбасадор во Црна Гора спречен да положи венец
Dik 300x250 mk

Група граѓани утрово се собраа во Будва за да го спречат српскиот амбасадор, Владимир Божовиќ, да положи венец на спомен-плочата на српските ослободители.

За „Вијести“ неофицијално било соопштено дека Владата на Црна Гора вчера испратила протесно писмо до Владата на Србија поради најавеното положување венци.

Божовиќ потврди нема да положи венец на спорната знаменитост.

Собраните пееја „О, светла мајска зоро“ и извикуваа „Црна Гора нема да биде крајбрежје на српското море“.

Меѓу собраните беа и црногорскиот лидер Анѓела Ивановиќ и поранешниот независен советник Стеван Џаковиќ.

Полициските инспектори стигнаа на терен за да спречат инцидент.

Во 2013 година, амбасадорот на Србија, Зоран Бингулац, положи венец на спомен-плочата заедно со тогашниот градоначалник Лазар Раѓеновиќ (ДПС).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи