Утрински Весник
Свет

Претседателите на САД и нивните миленици – германските овчари на Бајден се враќаат во Белата куќа

Претседателите на САД и нивните миленици – германските овчари на Бајден се враќаат во Белата куќа

Белата куќа ќе добие две нови миленичиња. Во јануари, кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе положи заклетва, тој и неговата сопруга, Џил Бајден, нема да бидат сами кога ќе се преселат во Белата куќа. Тие ќе ги донесат и двата германски овчари, Чамп и Мајор.

Мajор ќе биде првото спасувачко куче што живеело во Белата куќа. Бајден го посвоил од Хуманото друштво Делавер во 2018 година. Бајден и неговата сопруга, го имаат Чамп од 2008 година.

Претседателот Трамп нема миленичиња, па Белата куќа беше лишена од крзнени жители во последните четири години.

Пред Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и неговото семејство имаа две португалски водни кучиња кои живееја со нив во Белата куќа по име Бо и Сани.

Во Белата куќа постои долгогодишна традиција на чување кучиња. Но, кучињата не се единствените миленичиња што живеат во Белата куќа. Според музејот на претседателските миленици, Томас Џеферсон имал подбивна птица и две младенчиња, а Џон Квинси Адамс имал алигатор што му го дал маркизот де Лафајет, којшто го чувал во бањата.

Абрахам Линколн имал неколку миленичиња, меѓу кои и неколку кучиња, најмалку две мачки, бели зајаци, мисирка, коњи и свиња, пишуваат американските медиуми.

И Теодор Рузвелт имал широк спектар на животни во Белата куќа, вклучувајќи бројни коњи и кучиња, пони, змија, папагал, неколку мачки, јазовец, зајак, летечка верверица и морски прасиња.

 

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена