Утрински Весник
Спорт

Медведев не се предава! Фантастична победа над Зверев во Париз

Медведев не се предава! Фантастична победа над Зверев во Париз

Русинот Данил Медведев го освои својот прв трофеј во 2020 година, откако со фантастичен камбек се врати од сет негатива против Александер Зверев и победи со 5:7/6:4/6:1 за да го освои Мастерсот во Париз, последниот редовен турнир од АТП турнејата.

Германецот Зверев имаше низа од 13 победи едноподруго и го имаше победено Медведев во пет од претходните шест дуели, но 24-годишниот Русин ја покажа својата упорност – иако беше на два гема од пораз во два сета, го одигра својот најдобар меч во кариерата за импресивна победа.

За Медведев ова е трета Мастерс 1000 титула во кариерата по триумфите во Синсинати и Шангај во 2019 година, и сега ќе треба да почне да се подготвува за настап на АТП финалето во Лондон, каде што играат најдобрите осум тенисери оваа сезона, вклучувајќи го и Зверев.

> Медведев не се предава! Фантастична победа над Зверев во Париз <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина