Утрински Весник
Спорт

Словенечка доминација – Роглич ја одбрани титулата од Вуелта Еспања

Словенечка доминација – Роглич ја одбрани титулата од Вуелта Еспања

Словенецот Примож Роглич ја запечати победата на Вуелта Еспања, одбранувајќи ја шпанската круна по рамната и неинтересна последна 18. етапа до Мадрид.

Велосипедистот на Џамбо-Висма успеа да ја заддржи лидерската црвена маичка во саботата во директна борба со Еквадорецот Рихард Карапаз, по што во рамната 138 километри рамна етапа, каде што традиционално нема борба во генерален пласман, се закити со својот втор трофеј. Карапаз на крајот заостана 24 секунди, додека третото место и прв подиум на големите трки имаше Британецот Хју Карти.

Со победата на Роглич се комплетира необичната велосипедска сезона која поминува во знакот на Словенците. Токму Роглич во најдраматичниот финиш на Тур де Франс ја загуби титулата од својот помлад сонародник Тадеј Погачар.

> Словенечка доминација – Роглич ја одбрани титулата од Вуелта Еспања <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија