Утрински Весник
Свет

Етиопија: Премиерот го замени речиси целиот државен врв

Етиопија: Премиерот го замени речиси целиот државен врв

Премиерот на Етиопија, Абиј Амхед ги смени началникот на Генералштабот, началникот на разузнавачката служба и министерот за надворешни работи. Ова се случи откако војската ја продолжи офанзивата на регионот Тиграј, користејќи и авијација.

Прес-службата на премиерот ги потврди смените на Твитер, но не ги наведе причините за таквата постапка.Како што пренесува Ројтерс, Абиј започнал воена кампања во средата, иако меѓународната заедница повика на дијалог со партијата Тиграјски народно-ослободителен фронт (ТПЛФ), наместо да се предизвика граѓанска војна.

Тигрејците го имаа главниот збор со децении, сè додека Абиј не ја презеде власта во 2018 година и постојано се обидува да го намали нивното влијание во земјата, додава Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Интерпол уапси стотици лица осомничени за криумчарење африкански мигранти во Европа

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје

САД стануваат прва држава во светот која во целост ги бојкотира проверките на Советот на ОН за човекови права