Утрински Весник
Спорт

Мегваер: Ни љубоморат бидејќи сме најголемиот клуб на светот

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер вели дека критичарите се против „ѓаволите“ бидејќи се љубоморни на минатите успеси на тимот, кој го нарече најголемиот на светот.

Мегваер беше еден од најкритикуваните фудбалери на „ѓаволите“ последните месеци, посебно по поразот од Башакшехир, но 27-годишниот англиски репрезентативец вели дека мотивите честопати не се толку „чисти“.

„Во овој клуб сум веќе година и пол и едно нешто веднаш се забележува – за нас најмногу се зборува на светот. Зошто? Бидејќи се најголемиот клуб на светот и луѓето не сакаат да успееме. Зошто? Поради големите успеси во минатото. Мораме да живееме со тој притисок, да реагираме и да не дозволиме негативни работи во нашиот клуб. Понекогаш е тешко за некои момци“, вели Мегваер.

> Мегваер: Ни љубоморат бидејќи сме најголемиот клуб на светот <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина