Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Италијански комесар за здравство сменет по телевизиско гостување: „Следниот пат подобро да се подготвиш“

(Видео) Италијански комесар за здравство сменет по телевизиско гостување: „Следниот пат подобро да се подготвиш“
Img 7972

Комесарот за здравство на регионот Калабрија со вонредни овластувања, пензионираниот генерал на карабинерите, Саверио Котичели беше итно разрешен откако гостуваше во ТВ емисија.

Тој на „Раи 3“ покажа дека не знае кои се неговите обврски и дека не ги знае основните податоци за здравствената состојба во регионот, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“.

Цела Италија зборува за овој трагикомичен случај кој наликува на хумористичен скеч.

Веднаш по емисијата, премиерот Џузепе Конте нареди итна смена на Котичели, кој беше позицијата вонреден комесар за здравство веќе две години, а неговото место беше обновено за уште две години пред неколку дена.

На новинарско прашање зошто програмата за заштита од Ковид-19 не е спроведена во регионот Калабрија, комесарот, како што пишува весникот, го прашал новинарот: „Па, дали јас требаше да го сторам тоа?“

Тој дури и не знаел колку легла има одделението за интензивна нега, па збунето го прашал својот придружник (полицаец), а тој бил подеднакво збунет од целата ситуација и рекол дека е само придружба.

Исто така интервенираше и неговата заменичка, која во директниот ТВ пренос му порача: „Следниот пат треба подобро да се подготвиш и сè добро да научиш“.

Во јужниот регион Калабрија, состојбата во здравствениот систем е хаотична веќе неколку години, а пандемијата Ковид-19 само ја влоши ситуацијата.

Според одлуката на владата, регионот беше ставен во таканаречената „црвена зона“, што е област со висок ризик од инфекција со коронавирус.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје