Утрински Весник
Спорт

Баерн со пресврт победи во „Дер Класикер“

Баерн со пресврт победи во „Дер Класикер“

Големото дерби во Бундес лигата им припадна на фудбалерите на Баерн Минхен. Баварците, во Дортмунд, ја победија Борусија со 3:2. По седум кола Баерн се лидери на табелата со 18 поени, Лајпциг има 16, а Борусија Дортмунд 15.

Шампионите на Германија и Европа уште еднаш покажаа дека во моментов немаа конкуренција. Баерн со пресврт славеа на теренот на големиот ривал од Дортмунд.

Најинтересните моменти во првиот дел се случија во самиот финиш на полувремето. Напрвин капитенот на Дортмунд, Марко Ројс, го совлада Мануел Нојер по додавањето на Гереиро.

Предноста на Дортмунд, три минути подцна ја поништи Давид Алаба.

Пресврт Баварците наптравија во 48 минута, кога Роберт Левандовски погоди од тешка позиција.

Во 80 минута, Халанд згреши на проловината на Баерн, следуваше пеколен контра-напад кој го реализираше Лирој Сане.

Три минути подоцна Халанд успеа да го намали резултатот.

Сепак до крајот на мечот гол постигна Баерн и тоа преку Левандовски, но голот беше поништен поради офсајд.



> Баерн со пресврт победи во „Дер Класикер“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид