Шкендија на мини-паузата во домашниот шампионат оди со два поени предност во однос на Шкупи. Шкендија, во 11 коло, славеше над Ренова, додека Шкупи одигра 2:2 со Работнички. За „романтичарите“ ова беше седмото реми од почетокот на сезоната.
Борец без проблеми се справи со Пелистер, забележа победа од 3:0, Беласица приреди мало изненадување со триумфот над Академија Пандев (2:1). За Беласица ова беше првиот триумф во сезоната.
Најдраматично беше во Струга каде Вардар, со голот на Блажевски во 96 минута успеа да извлече реми 2:2.
ПМФЛ, 11 коло:
Академија Пандев-Беласица 1:2
Струга-Вардар 2:2
Ренова-Шкендија 1:3
Работнички-Шкупи 2:2
Борец-Пелистер 3:0
Табела: 1. Шкендија 25, 2. Шкупи 23, 3. Македонија ЃП 19, 4. Борец 19, 5. Струга 16, 6. Силекс 14, 7. Работнички 13, 8. Вардар 13, 9. Пелистер 12, 10. Ренова 8, 11. Акд. пандев 7, 12. Беласица 5.
Фото/kfshkendija
> Шкендија лесно со Ренова, Вардар во 96 минута спаси бод во Струга <