Утрински Весник
Свет

При крај броењето на гласовите во четири клучни сојузни држави во САД

При крај броењето на гласовите во четири клучни сојузни држави во САД

Броењето на изборните гласови во четири клучни сојузни држави во САД е при крај.Во Пенсилванија, уште 50.000 гласови добиени по пошта, чекаат да бидат преброени, според Си-ен-ен.

Од Џорџија пристигна изјава на Џо Соренсон, претставник на округот Гвинет, коа е најнаселен во таа држава и на кој припаѓа градот Атланта, во која се најавува дека наскоро ќе заврши пребројувањето на гласовите.

Со преброени 99 проценти од гласовите во Џорџија, Џо Бајден има минимална предност.

Слично е и во Невада, каде Бајден има предност од 1,8 до 93 проценти од преброените гласови и во Аризона, каде Бајден води со еден процент гласови, наспроти 95 проценти од веќе преброените гласачки ливчиња.

Лидерот на републиканците во американскиот сенат, еминентниот сенатор Мич Меконел, на својот профил на Твитер изјави дека секое „законско гласање мора да биде преброено“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина