Утрински Весник
Спорт

Шварцман последен учесник на завршниот Мастерс

Шварцман последен учесник на завршниот Мастерс

Познати се сите учесици на завршниот турнир на Мастерс во сезоната. Последен кој избори место на турнирот што ќе се игра во Лондон е Диего Шварцман.

Аргентинскиот тенисер, вчера, беше поразен од Данил Медведев, во четврт-финалето на Мастерсот во Париз, а место во Лондон си обезбеди по поразот на Пабло Карењо-Буста од Рафаел Надал.

Пред Шварцман, пласман во Лондон обезбедија: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим, Стефанос Циципас, Данил Медведев, Александер Зверев и Андреј Рубљов.

Завршниот турнир на најдобрите тенисери ќе започне на 14.ноември, а ќе се игра во „О2“ арената во Лондон.

Титулата ќе ја брани Гркот Циципас.

> Шварцман последен учесник на завршниот Мастерс <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Норис и Пјастри се соочуваат со дисквалификација на Големата награда на САД

Верстапен ја освои Големата награда на САД

МВР го приведе „тепачот“ од мечот Шкендија (А) – Брегалница