Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Армејците“ победија во Атина, колапс на Звезда во Минхен

„Армејците“ победија во Атина, колапс на Звезда во Минхен
Img 7972

ЦСКА Москва стигна до 89:83 победа на гости кај Панатинаикос во седмото коло во Евролигата, конечно, сврзувајќи две победи во низа во овогодиното натпреварување.

Иако резултатот изгледа близок, „Армејците“ го контролираа мечот од почеток до крај, правејќи разлика во втората четвртина за победа во „ОАКА“. Клајбурн со 15 поени и Хилиард со 14 поени беа лидери за актуелните европски шампиони, додека за Панатинаикос, Недовиќ со 19 и Папапетру со 13 поени беа лидери.

Црвена звезда пак, изддржа само три четвртини на гостувањето кај Баерн, пред да загуби со 74:59, за слатка победа на Андреа Тринкиери, поранешниот тренер на Партизан. Звезда неколку пати имаше водство, пред во последната четвртина да постигнат само осум поени и да ја обезбедат победата. Вејлер Баб и Болдвин имаа по 15 поени за Баерн, додека за Звезда, Џони О’Брајант постигна 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО

Фенербахче – Химки 83:71 (23:20, 19:15, 23:20, 18:16)

Жалгирис Каунас – Реал Мадрид 90:93 (24:32, 30:16, 19:19, 17:26)

Баерн Минхен – Црвена звезда 74:59 (18:14, 15:17, 22:20, 19:8)

Панатинаикос – ЦСКА Москва 83:89 (24:24, 18:27, 16:14, 25:24)

Валенсија – Милано 86:81 (24:18, 18:26, 24:17, 20:20)

> „Армејците“ победија во Атина, колапс на Звезда во Минхен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица