Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Се затвораат баровите, теретаните и училиштата во неколку градови во Црна Гора

Се затвораат баровите, теретаните и училиштата во неколку градови во Црна Гора
300x250 opst2

Националното координативно тело на Црна Гора донесе одлука за дополнително засилување на мерките во Подгорица, Цетиње, Будва и Улцињ, поради ширењето на епидемијата на коронавирус, така што угостителските објекти од вечерва ќе бидат затворени.

Ќе бидат затворени и училиштата, како и спортските сали, фитнес центрите и детските игротеки.

Забрането е и собирање во станови и куќи на лица кои не се членови на домаќинството.

По повод денешниот протест на угостителите, координативното тело објави дека има разбирање за нив и и’ препорача на Владата да ја разгледа можноста за зголемување на висината на субвенциите за вработените во активности кои се погодени од ограничувањата.

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 546 нови случаи на зараза со коронавирус, а повеќе од половина се од Подгорица – 287. Во Црна Гора има 6.457 активни случаи на Ковид-19, а бројот на смртни случаи поврзани со зараза со коронавирус е 328 од почетокот на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите