Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија, првиот чекор е блокиран, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за време на увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.
Заев рече дека Бугарија го прекршила Членот 2 од Договорот за добрососедство кој вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграцијата, дека бугарската страна ќе го сподели своето искуство за да ѝ помогне на Република Северна Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија (ЕУ) и ќе ја поддржи Република Северна Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.
Заев сепак истакна дека е среќен што Северна Македонија во овој случај има поддршка од Германија. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите. Тој се надева и на позитивен исход од средбата со Борисов во понеделник.
Во Брисел денеска се одржува дискусија на амбасадорско ниво за преговарачката рамка за С Македонија, како и за Албанија, додека министерскиот совет на кој треба да се носи одлуката е одложен за една недела.