Утрински Весник
Македонија

Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга

Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга

Педесет и седумгодишен жител на Велес е осомничен за обид за убиство на неговата сопруга. Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите, жената се здобила со повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело обид за убиство.

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот““, се наведува во соопштението.

Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите, жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.

Јавен бвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово