Утрински Весник
Македонија

21-годишно момче од Кавадарци почина од Ковид-19

21-годишно момче од Кавадарци почина од Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска на социјалните мрежи објави дека од Ковид-19 починал 21-годишниот кавадарчанец, Горан Ѓерѓев.

Како што соопшти Јанчев, пред два дена од коронавирус починал и неговиот брат, Марјан Ѓерѓев, кој бил на 26-годишна возраст.

„Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26-годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите браќа и нивниот брат и поширокото семејство.

Пандемијата однесе два човечки животa на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови“, напиша Јанчев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран