Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ја ангажираше Армијата во справувањето со коронавирусот

Пендаровски ја ангажираше Армијата во справувањето со коронавирусот

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи, за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Наредбата стапува на сила веднаш, соопштија од претседателскиот Кабинет.

„Генералштабот на Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема. Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини“, се наведува во соопштението во кое се додава дека за спроведување на овие задачи, Генералштабот на Армијата е должен да ги подготви за ангажирање медицинските, силите за транспорт и силите за АБХО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски