Утрински Весник
Свет

Шведскиот премиер во самоизолација

Шведскиот премиер во самоизолација

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, објави дека е во самоизолација откако дознал дека нему блиско лице имало контакт со лице за кое подоцна било потврдено дека e позитивно на коронавирус.

Лофвен рече дека нему блиско лице, чиј идентитет не е откриен, отишло на тестирање и дека тоа е негативно, но дека тој и неговата сопруга, по совет на лекар, ќе бидат во самоизолација.

„Работам од далечина. Се чувствуваме добро и немаме никакви симптоми”, напиша тој на „Фејсбук“.

Тој и неговата сопруга ќе бидат тестирани за коронавирус што е можно поскоро, додаде тој.

Во Шведска, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, потврдени се 134.532 случаи на коронавирус и скоро 6.000 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го продолжија рокот за преговори за продажбата на странските средства на „Лукоил“

Украинска делегација заминува за САД на разговори за можен мировен договор

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд