Утрински Весник
Свет

Шведска воведува нови мерки против Ковид-19

Шведска воведува нови мерки против Ковид-19

Шведска им се придружи на голем број европски соседи и претстави нови мерки за борба против коронавирусот, додека бројот на заразени се зголемува и во оваа земја. Во Шведска, земја со 10 милиони жители, сега се пријавени 134.532 коронавирусни инфекции и скоро 6.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

„Одиме во погрешна насока. Ситуацијата е многу сериозна. Секој жител треба да преземе одговорност затоа што знаеме колку е опасно ова”, рече шведскиот премиер Стефан Лофвен.

Новите мерки во Шведска првенствено се однесуваат на ограничување на бројот на гости во рестораните, каде што максимум осум лица сега можат да седат на иста маса. Шведска ги засили ограничувачките мерки во вкупно 21 регион во земјата. На граѓаните им се препорачува да не организираат забави, да избегнуваат собири во затворени простории, да не одат на непотребни патувања, како и да избегнуваат јавен превоз. На работодавците им беше наредено да ги штитат вработените.

На почетокот на годинава, Швеѓаните беа цел на бројни осудувања дека скоро ништо не сториле за да се спречи ширењето на вирусот. Додека на повеќето Европејци им беше наредено да останат дома, Швеѓаните се собраа во кафулиња, ресторани и барови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот