Утрински Весник
Спорт

Куман: Голманот не спаси

Куман: Голманот не спаси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не бил задоволен од изданието на неговите фудбалери во победата против Динамо Киев (2:1).

Барселона победи со головите на Меси од пенал во петата минута и Пике во 65 минута, додека Циганков го постигна единствениот гол за Динамо.

„Добро почнавме, постигнавме гол, имавме неколку шанси. Сепак како времето одминуваше ја губевме контролата. Ривалот започна да реди шанси, среќа што нашиот голман беше фантастичен. Не спаси во неколку ситуации. Покажа колку е добар и дека е во врвна форма“, рекол Куман и дополнил.

„Три меча, имаме три победи. Тоа е добро. Но мораме да играме подобро, особено кога топката не е во наш посед“.

Барселона во наредното коло ќе гостува во Киев, додека во сабота, во Ла Лига, ќе го пречека Бетис.

> Куман: Голманот не спаси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига