Утрински Весник
Свет

Ден по изборите во САД повеќе од 102.000 новозаразени со Ковид-19

Ден по изборите во САД повеќе од 102.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД во последните 24 часа се забележани рекордни бројки од 102.831 нов случај на коронавирус, што е првпат од почетокот на епидемијата дневниот биланс да надмине 100.000.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, починале уште 1.097 лица.

Рекордниот број на нови инфекции доаѓа веднаш откако САД за првпат забележаа повеќе од 600.000 нови случаи за една недела, а експертите предупредуваат дека бројките можат да продолжат да растат со доаѓањето на зимата, пренесува Си-ен-ен.

Досега во САД се регистрирани 9,48 милиони заразени, а починале 233.000 луѓе.

Новиот рекорд следеше по изборите во САД, а поради собирот на демонстрантите од обете страни, се стравува дека ситуацијата ќе се влоши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција

„Џонсон и Џонсон“ понуди да обесштети илјадници тужители кои тврдат дека детската пудра предизвикува рак на јајници