Утрински Весник
Свет

Премиерот на Камбоџа и четворица министри во карантин по средбата со Сијарто

Премиерот на Камбоџа и четворица министри во карантин по средбата со Сијарто
Dik 300x250 mk

Камбоџанскиот премиер Хун Сен и четворица министри се во карантин по состанокот со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, кој се зарази со коронавирус.

Хун Сен на својот фејсбук-профил напиша дека бил тестиран негативно на вирусот, но дека ќе ги следи упатствата на неговата влада и ќе остане во карантин 14 дена поради ризичниот контакт.

За време на тој карантин, како што рече, тој нема да се состане со членови на семејството ниту ќе има состаноци „во живо“. Исто така, тој нема да биде во контакт со ниту еден од неговите најблиски соработници, како и со обезбедувањето.

Камбоџанскиот министер за здравство изјави дека 628 лица биле вклучени во подготовката и спроведувањето на посетата на Сијарто, и дека сите биле испратени на тестирање.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки