Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник од Скопје, запленет пиштол

Приведен разбојник од Скопје, запленет пиштол

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба денеска го приведоа Д.П., кај кого при претрес на дом, по добиена судска наредба, беше пронајден пиштол и рамка со седум куршуми.

Д.П. е осомничен и за извршени разбојништва, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија