Утрински Весник
Македонија

Судот им ги одзеде пасошите на Лидија Димова и на поранешен соработник во Националната агенција

Судот им ги одзеде пасошите на Лидија Димова и на поранешен соработник во Националната агенција

Судот донесе решенија со кои го уважи предлогот на разрешената директорка Лидија Димова и на поранешниот надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми, Александар Гочев да им определи мерки: oдземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија.

На 2 ноември судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за Зоран Златковски опфатен во конкретната истрага.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Разрешената директорка денеска ги избегна камерите и новинарите, без да даде одговор дали навистина сторила злоупотреба на европски фондови, за што ја товари Обвинителството за организиран криминал и корупција. Таа од судот излезе со нејзината адвокатката која на прашањата за Димова одговори: „Во друга прилика”.

Пред неа, на распит беше и Александар Гочев, второосомничен во случајот кој го води Обвинителството.

Кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду ја поднесе Финансиската полиција, а Обвинителството покрена истрага. Делата за кои се сомничат се злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари