Утрински Весник
Свет

Европската комисија нема коментар за твитот на Јанша за изборите во САД

Европската комисија нема коментар за твитот на Јанша за изборите во САД

Европската комисија одби да го коментира твитот на словенечкиот премиер Јанез Јанша со кој го прогласи Доналд Трамп за победник на претседателските избори во САД пред да бидат објавени конечните резултати.

„Немам коментар за твитот на словенечкиот премиер, освен што препорачуваме сите да следат што се случува во САД, каде што се одвива пребројувањето на гласовите. Ние ќе го почекаме официјалното објавување на резултатите од изборите”, рече портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, му честита победа на Доналд Трамп на претседателските избори иако сè уште не се објавени резултати и гласовите сè уште се пребројуваат.

Јанша вели дека е јасно дека американскиот народ го избрал Доналд Трамп за уште еден четиригодишен мандат како претседател на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка