Утрински Весник
Магазин

Маја Хок ќе биде опсесивен фан на Џорџ Харисон во филмот за „Битлси“

Маја Хок ќе биде опсесивен фан на Џорџ Харисон во филмот за „Битлси“

Итан Хок и неговата ќерка Маја ќе глумат во новиот комедија филм во кој Маја е тинејџерка опседната со Џорџ Харисон, и се обидува да ја изгуби невиноста со гитаристот на „Битлси“.

Филмот за легендарните „Битлси“, со наслов „Револвер“, е во режија на Ендру Стентон, режисерот на „Барајќи  го Немо“. Сторијата ги следи Итан и Маја кои ќе портретираат татко и ќерка во романтичната комедија од 60-тите години на минатиот век. Веќе е познато дека ликот на Маја ќе се вика Џејн, тинејџерка од Алјаска.

Филмот се одвива во 1966 година кога авион за Јапонија во кој патуваат „Битлси“ мора да направи приндудно слетување во еден град каде што се развива приказната за тинејџерката и нејзиниот план за прво љубовно искуство со славниот гитарист.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус