Утрински Весник
Македонија

Лидија Димова ги избегна новинарите пред Судот

Лидија Димова ги избегна новинарите пред Судот

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, ги избегна камерите и новинарите, без да даде одговор дали навистина сторила злоупотреба на европски фондови, за што ја товари Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Таа од судот излезе со нејзината адвокатката, која на прашањата за Димова, одговори: “Во друга прилика”.

Одлуката за дали Димова ќе има мерки на претпазливост, ќе биде донесена денеска од судија на претходна постапка. Обвинителството побара да ѝ бидат одземени двата пасоши, повремено да се јавува во судот и да добие забрана за вршење одредени активности. Димова во судот се задржа околу половина час.

Пред неа, на распит беше и Александар Гочев, второосомничен во случајот кој го води Обвинителството.

Кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду ја поднесе Финансиската полиција, а Обвинителството покрена истрага. Делата за кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи